Утрински Весник
Македонија

Националната опера и балет демантира дека е укинат попустот за студенти

Image 223999.jpg

Во врска со информацијата дека Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа, Националната опера и балет, со соопштение објави дека „информацијата е неточна и неоснована“.

„Националната опера и балет останува целосно посветена на исполнување на обврските утврдени со Меморандумот за соработка, потпишан помеѓу Министерството за култура и Унијата на студентите на УКИМ (УСС УКИМ). Како што е наведено во овој меморандум, а во согласност со одлуката на Управниот одбор на НУ Национална опера и балет од 14.02.2024, студентите имаат право на попуст од 50% на влезниците. При купувањето на билети, потребно е да се приложи индекс (во физичка или електронска форма) за идентификација.


Важно е да се нагласи дека попустот не е укинат и студентите ќе продолжат да ја искористуваат оваа погодност. Политиката на НОБ во однос на попустите за студентите останува непроменета, а институцијата ќе продолжи да ги исполува своите обврски во рамките на постоечките договори и Меморандумот за соработка“, се вели во соопшението од НОБ.

Можете да прочитате

Мицкоски со обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција во Вашингтон

Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најавува Јаневска