Утрински Весник
Македонија

Национален самит за предизвиците во процесот на дигитализација

Laptop 1.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи Национален самит за предизвиците во процесот на дигитализација на критичната инфраструктура, безбедноста и енергетската транзиција на кој, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Андоновски ќе има воведно обраќање за националните дигитални приоритети, а Божиновска ќе зборува за стратешката визија на државата во однос на енергетската транзиција. Меѓународни експерти, пак, од сајбер безбедноста, дигиталната трансформација и енергетиката ќе презентираат иновативни решенија и модели кои веќе се применуваат на интернационално ниво.


Во презентациите на ексоертите клучни теми ќе бидат сајбер безбедност и сајбер рикавери, заштита на податоци, решенија за целосно управувано опоравување од Ransomware катастрофи во земјата, инвестиции и посветеност за Северна Македонија (центри на податоци, разлики во знаење), како и надзор и заштита на критичната инфраструктура од беспилотни летала (дронови). Ќе стане збор и за дигитализација на енергетската транзиција и комуникациската инфраструктура, поддршка за општините и институциите – олеснување за лиценци, проактивно планирање на мрежни приклучоци, експанзија кон големи соларни паркови, економска проценка и квалитетна реализација, како и интернационална примена и модели на ниво на Влада

Самитот го организираат Solarmappro (Швајцарија), Assured Data Protection (Велика Британија), Sfera-IT (Словенија) и Bridgers (Македонија), а целта е да се обединат клучните чинители од јавниот и приватниот сектор во заедничка дискусија за иднината на критичната инфраструктура и енергетската безбедност во дигиталната ера. 

Можете да прочитате

Акција пред ОЈО – Повик до сите граѓани утре да се придружат на „Маршот за ангелите“ во Кочани

Независниот синдикат на полицијата бара разрешување на Трипуновски

Тетовскиот суд ги прогласи директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за пожарот во модуларната болница