Утрински Весник
Македонија

Началникот на ГШ на Армијата генерал-потполковник Ѓурчиновски на конференција „форум Б-9“ во Драч

Urchinovski.webp.webp
Dik 300x250 mk

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој од вчера е во работна посета на Република Албанија, денеска ќе учествува на конференцијата на началници на Генералштабови на Армиите на балканските земји (форум Б-9), што ќе се одржи во Драч.

Како што соопштија од Генералштабот, форумот на началниците на генералштабови на балканските земји има девет членки (Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора).

Основан е со иницијатива на Грција и Турција во 2006 година, а официјално е воспоставена на 10 мај 2007 година во Брисел.

Конференцијата на началниците на Генералштабовите на балканските земји се реализира еднаш годишно по принцип на ротација, а досега се одржани шеснаесет конференции.

Можете да прочитате

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци

Неизвесна трка во Куманово: Димитриевски со мала предност пред Стојковски

Победа за ВМРО-ДПМНЕ во Кочани – Грозданов со над 52% од гласовите