Утрински Весник
Македонија

Наближува циклон и носи поројни дождови, грмежи и невреме

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.


Инаку, за викендот, исто така од север ќе се спушта значително поладен воздух кој повторно значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) и особено во западните и во северозападните предели, повторно ќе има услови за нови врнежи од снег.

Најнови информации токму околу оваа нова голема метеоролошка промена, очекувајте во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена