Утрински Весник
Свет

На внуците им ги скршил плејстејшнот и телевизорот, го изнервирала вревата – судот пресече дека чичко од Загреб извршил психичко насилство

На внуците им ги скршил плејстејшнот и телевизорот, го изнервирала вревата – судот пресече дека чичко од Загреб извршил психичко насилство

37-годишен маж беше прогласен за виновен и обвинет за кршење на телевизор и плејстејшн на неговите внуци во напад на бес.

dobivaj vesti na viber

Според пресудата, се се случило во март годинава околу 16:10 часот во семејна куќа во Загреб каде живеат две семејства. На мажот му пречело детското викање и играње од соседниот стан во куќата бидејќи сакал да спие, пишува Даница.

Судот констатира дека тој ден чичкото извршил психичко насилство врз внуките на 18 и 16 години и 11 годишниот внук.

„Тој дошол во станот во кој живеат со неговиот татко, кој во моментот не бил дома, и ја скршил влезната врата, влегол во внатрешноста каде го скршил телевизорот во дневната соба и играта Sony Playstation“

„Неговите внуци почувствувале страв и вознемиреност, поради што извршил психичко насилство во семејството на штета на децата, при што сторил прекршок по Законот за заштита од семејно насилство“, заклучи судијата.

Нему му е изречена условна затворска казна во траење од 45 дена и заштитна мерка забрана за вознемирување на жртвите во период од шест месеци.

Можете да прочитате

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници