Утрински Весник
Македонија

На влез во Србија од Македонија запленети над 150 килограми марихуана

Img 1124

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, Управата на граничната полиција, во соработка со Царинската управа и Полициската управа Врање, во рамки на засилените активности насочени кон сузбивање на секаков вид прекуграничен криминал, запленија 150,8 килограми марихуана и го приведоа З.Ј. (1993).

На граничниот премин Прешево, на влез во Србија од Северна Македонија, полицијата по преглед на камионот управуван од пријавениот, во приколката пронашла 12 вреќи марихуана.

lg.php.gif

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Врање.

Ова е втора поголема заплена на марихуана во саботата, која дојде кратко по акцијата на Граничниот премин Градина во која беа запленети 135 килограми од оваа дрога.

По тој повод, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека овие постапки се најдобар показател за одлучната работа на српската полиција, која успешно го пресече синџирот на шверц на дрога и со тоа спречи понатамошна продажба на дрога.

„Заплената на повеќе од 285 килограми марихуана е одличен резултат на нашата гранична полиција и доказ за нивната посветена и упорна работа во борбата против трговијата со дрога. Овие заплени се резултат на зголемените активности на полициските службеници на Управата за гранична полиција за сузбивање на прекуграничниот криминал и воедно укажуваат на бескомпромисната борба на нашата полиција против дилерите на дрога. Им честитам на припадниците на Управата за гранична полиција на МУП за добро завршената работа“, рече министерот Гашиќ.

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани