Утрински Весник
Македонија

На Владимир Тодоровиќ му се изречени уште две мерки, останува во куќен притвор

На Владимир Тодоровиќ му се изречени уште две мерки, останува во куќен притвор

Бизнисменот и ексградоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, останува во куќен притвор за случајот „Феникс“ односно „Скопје 2014“. Кривичниот совет ги одби жалбите на Обвинителството за определување на ефективен притвор, но и на адвокатите, за укинување на мерките за претпазливост. Судиите изрекоа уште две дополнителни мерки. Истите мерки важат и за другиот осомничен, кој заедно со Тодоровиќ доби куќен притвор.

dobivaj vesti na viber

„Одлучено е по жалбите потврдени се решенијата на судија на претходна постапка и прифатен е предлог за обвинетите В.Т. и Т.Д. покрај мерката куќен притвор определени се дополнителни мерки – забрана за комуникација и 24-часовен надзор на куќниот притвор“, посочуваат од Кривичен суд за „Макфакс“

Тодоровиќ е во куќен притвор веќе осум дена. Мерката ја побара обвинителот Љубомир Лапе. На излегување по неколку часовниот распит кај судија на претходна постапка, поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, не сакаше да коментира како ќе се брани, само кусо изјави во движење: „Не се чувствувам виновен“.

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“ – воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.

Меѓу осомничените се и експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска и ексминистерот за финансии Зоран Ставревски.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа