Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Највисока месечна наплата на приходи од постоењето на Царинската управа 

Naplateni Prihodi Uli H3 Cu.jpg
Dik 300x250 mk

Царинска управа во последниот месец наплати вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, односно 195 милиони евра, што е за 16,6% повисок износ во споредба со истиот период во 2023 година. Ова е највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од постоењето на Царинската управа.

„Уште на првиот ден на моето назначување за директор на Царинска управа, ветив испорака на видливи и брзи резултати. Оваа порака ја споделив со сите вработени во Царинската управа и побарав максимален ангажман од нивна страна и професионализам на сите нивоа. Првите резултати ги гледаме денес, кога бележиме рекордно највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од постоењето на Царинската управа. Овој резултат нека биде мотив за сите царински службеници за уште поголеми напори за подобри резултати во сите сфери на царинското работење и во иднина”, истакна директорот Бобан Николовски.

Царинската управа останува фокусирана на преземање мерки и активности во насока на зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки, што ќе резултира со подобрување на состојбата на буџетот на државата, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени