Утрински Весник
Македонија

На „Ѕвезде Гранда“ победи единствената Македонка – Славица Ангелова горда со македонското знаме

На „Ѕвезде Гранда“ победи единствената Македонка – Славица Ангелова горда со македонското знаме

Со близу 90 илјади гласови, Славица Ангелова од Струмица е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023.

dobivaj vesti na viber

По деветмесечно натпреварување, публиката одлучи да победи Славица, чиј ментор во шоуто беше Ѓорѓе Давид.

-Славица е филигран која од втор план влезе и направи сериозна приказа. Имавме некои емотивни проблеми во текот на натпреварот, но се разбуди на време, рече Ѓорге Давид пред прогласување на победникот.

Славица, пак, беше видно изненадена. По прогласувањето таа рече:

-Пред сѐ благодарам на сите што гласаа за мене. Огромно благодарам и на мојот ментор Ѓорге Давид кој несебично се вложи во сите нас, не само во мене. Навистина сум фрапирана и ова реално не го очекував, рече таа.

Таа на македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант.

Можете да прочитате

Мицкоски најави: Имињата на новите министри од ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре

Меџити: Меѓу мене и Касами ќе се бира идниот лидер на ВРЕДИ

Пожар во фирма од Скопје – сопственикот заврши во болница поради чад