Утрински Весник
Спорт

Најуспешниот бијатлонец настрада од змија

Најуспешниот бијатлонец настрада од змија

Јоханес Тингнес Бо, 30-годишниот норвешки бијатлонец и најголемата ѕвезда во последно време во овој спорт, поради каснување од змија заврши на Итна помош. Според медиумите, змијата го каснала Норвежанецот во градината од домот.

dobivaj vesti na viber

„Порано имав голем страв од змии, но морам да кажам дека сега стравот се намали по овој настан. Којзнае, можеби после ова ќе добијам одредени супер моќи какви што Спајдермен доби по каснување од пајак“, изјави на шега Бо откако беше пуштен од итната медицинска помош.

Инаку, каснувањето од змија беше само една епизода од серијата несреќи што ги имаше Норвежанецот додека се подготвува за новата сезона во биатлон. Тој го повредил грбот на трамболината, а потоа паднал на лентата за трчање и имал инфекција на очите.

Јоханес Тингнес Бо зад себе има четири титули во Светскиот куп, а на Олимписките игри освои осум медали, од кои пет златни, две сребрени и една бронза. Тој освои четири златни медали на последните Зимски олимписки игри во Пекинг минатата година.

Можете да прочитате

Мбапе му вети на Перез дека ќе ги подобри резултатите

Бобан Илиоски и Милијана Рељиќ се најдобрите спортисти на Македонија за 2024 година

Почна реконструкцијата на салата „Работнички“