Време е за подготовка на зимница, со цел зимата да ја дочекате подготвени. Зачувајте колку што можете повеќе од зеленчукот и витамимкте кои ни се потребни во ладнот период од годината.
Потребни состојки: 1 кг црвени пиперки, 2 кг зелка, 700 гр моркови, 5 струка целер, 1-2 главици карфиол, шеќер, сол и оцет.
Подготовка: Сите состојки исечкајте ги или изрендајте ги на големина по желба и ставете во тегли. Во секоја тегла ставете 1 лажица шеќер, 1 лажица сол и 4 лажици оцет.
Зовријте ја водата и додека е врела налијте во теглите така што количината ќе биде до врв. Добро затворете со капачиња, свртете ги теглите неколку пати и оставете ги да стојат на ладно и темно место.


