Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Најтажната принцеза покажа како ги маскирала децата за Ноќта на вештерките

Најтажната принцеза покажа како ги маскирала децата за Ноќта на вештерките
300x250 opst2

Кралските близнаци на Монако се чини дека добро се забавувале за Ноќта на вештерките.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат медиумите, двете деца на принцот Алберт и принцезата Шарлин оваа година се одлучија за традиционални костими.

Принцезата Шарлин сподели фотографија на „Инстаграм“ на која нејзините деца, синот Жак и ќерката Габриел позираат во маски.

Принцот Жак е маскиран во грофот Дракула, а принцезата Габриела во тиква.

Шарлин, која многумина ја нарекуваат најтажната принцеза на светот, доби многу критики поради објавената фотографија. На фановите на семејството Монегаски не им се допадна тоа што децата се маскирале и ја славеле Ноќта на вештерките.

Повеќето од оние кои оставија коментар не се согласуваат членовите на семејството Монегаски да ја слават Ноќта на вештерките.

„Како христијани не треба да го славиме Халовин. На овој ден го величаме ѓаволот. Како христијани треба да се издвојуваме од светот. Мораме да дадеме пример”, „Зошто да славиме Халовин, кој се сведува на вештерки, волшебници, духови, дракули , крвави лица. Домен на ѓаволот! Навистина не ми е јасно“, „Ужасно“, „Зарем Халовин се слави и во Монако?“ се некои од коментарите.

Сепак, имаше и такви кои беа воодушевени од костимите.

„Одлични костими, децата се преслатки“, „Секоја чест на оној што го шминкаше принцот“, „Сигурно децата многу се забавувале“, напишаа некои.

Инаку, принцезата Шарлин последните недели е поактивна на социјалните мрежи каде често објавува фотографии со своите деца.

 

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?