Утрински Весник
Македонија

На Табановце за влез во Македонија се чека еден час

Сообраќајот на патиштата умерен, на граничните премини не се чека долго

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Уапсен маж од кичевско, извадил пушка пред адвокатска канцеларија и се заканувал

На државна парцела неовластено изградил деловен објект, кривична за маж од Дебар

Деспотовски: Доста е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување