Утрински Весник
Македонија

Најстудено во Берово -6 степени

Studeno Vreme.jpg

Најстудено утрово е во Берово -6 степени, во скопски Петровец, Битола, Демир Капија и Струмица се измерени -4, во Тетово, Штип, Куманово, Велес и Кавадарци -3, во Охрид 0, а највисоки 3 степни се регистрирани во Kрушево, информира УХМР.

Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Можете да прочитате

Полицијата вечерва под опсада држи локации во Струмичко и Скопје

Мицкоски-Вајц: Акцент ставен на потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди

Трендафилов поднесе иницијатива во Собранието за намалување на пратеничките плати