Утрински Весник
Македонија

Најстудено утрово во Лазарополе – 24info.mk

20251012101342 big 730x400 31.webp.webp

Најниска температура од 2 степени Целзиусови утрово е измерена во Лазарополе. Следи Попова Шапка со 3 степени, 4 во Маврови Анови, 6 Тетово, Крушево, Претор, 7 Струмица, Берово, 8 Крива Паланка, Виница, 9 Охрид, 10 Битола, Демир Капија, 11 Штип, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Куманово, 13 Гевгелија и 14 во Велес.

Како што соопшти УХМР, претпладне времето ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.


Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Можете да прочитате

Петровска: Време е СДСМ да ја врати моќта кај членството

Реакција на адвокатката на Дејан Јованов – Деко: Mојот лик е злоупотребен и фотошопиран

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола