
И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште.
До седум часот утрово, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, 9 во Крушево, Маврови Анови.
Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 6 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје, исто така, се очекува времето да биде променливо облачно и тивко, ќе има услови за појава на магла. Максималната температура според најавите ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

