Утрински Весник
Македонија

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Sneg.jpg

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 4 степени и има најмногу снег, 26 сантиметри. 

Како што информира УХМР,  висината на снежната покривка е 16 сантиметри во Лазарополе, 12 во Маврови Анови, шест во Ѓуриште и три сантиметри во Дебар.


До 8:30 часот се иземерени -2 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Крушево, 1 во Тетово, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница и Штип, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Битола, Претор, Кавадарци, Берово, 4 во Демир Капија и Струмица и 5 Гевгелија.

Најмногу врнежи изминатите 24 часа до 8 часот имало во Струмица, 52 литри на метар квадратен, во Гевгелија 51, 50 во Демир Капија, 47 во Скопје-Петровец, 46 во Тетово, 45 во Пожар-Радовиш, 40 во Пожаране, 37 во Виница, 35 во Ѓуриште, 34 во Крива Паланка и Маврови Анови, 33 во Попова Шапка, 32 во Штип, 31 во Велес, 30 во Тополчани, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Битола, 25 во Прилеп, 23 во Крушево и Берово, 22 во Претор и Куманово и 18 во Лазарополе.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Можете да прочитате

Јаневска: Без силен придонес од високото образование, не може да се решат главните предизвици на современите општества

Силјановска Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи” на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи