Утрински Весник
Македонија

Најстрога казна за сторителот и одговорност од институциите за убиството на жените, бара Националната мрежа против насилство

19-годишна девојка од Гостиварско силувана од маж со кој претходно била во љубовна врска

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара најстрога казна за сторителите на убиствата врз жените, што се случија изминатиов период во земјава. Оттаму бараат и одговорност од институциите, за не преземање мерки за заштита на жените.

dobivaj vesti na viber

Се работи за фемициди извршени на свиреп начин, на кои, како што велат од мрежата, им претходело долгогодишно семејно насилство кое било пријавувано во полиција. Тоа се случаите во Кичево, каде жена беше усмртена со 40 убоди од страна на партнерот, претходно во Куманово беше убиена жена од сопругот, а во Гевгелија маж ги уби својот брат и снаата.

Од мрежата бараат од Основното јавно обвинителство при одредување на висината на казната да ги земе предвид сите околности, односно да не го третира случајот како еднократен инцидент, туку убиство како последица на долгогодишно семејно насилство. Бараат одредување највисока казна за сторителот.

„Понатаму, бараме да се поведе постапка за испитување на одговорноста на службените лица, во врска со двата случаи, кои не постапиле навремено и чиешто непрофесионално работење доведе до смрт на 3 жени. По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани“ велат од мрежата.

Непреземањето соодветни мерки од надлежните институции и неправилната, или отсуството на имплементација на законите, според Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство доведува до убиство, односно фемицид како најекстремна форма на насилство врз жените кој најчесто се извршува од страна на маж, а жртвата е секогаш жена.

Анализата на Националната мрежа покажала дека во периодот од 2017 до 2020 година во Македонија се регистрирани вкупно 22 фемициди. Кај повеќето анализирани случаи убиството било извршено од сегашен или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого жртвата живеела во заедница. Во повеќе од 80% од случаите, убиството се случило или во заедничкиот дом или, доколку биле разделени, во домот на жртвата.

Алармантен е податокот од истражувањето на ОБСЕ, објавено во 2019 година, дека жените многу ретко го пријавуваат насилството кое претходи.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме