Утрински Весник
Македонија

На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

5 20250905 174151 1.jpg

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.


Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит.

Царинската управа и натаму останува посветена на заштита на државните интереси и спречување на сите форми на криумчарење.

Можете да прочитате

Лешочкиот фестивал за камерна музика ја пречекува магијата на трио „Анимато“

Во Трубарево PM₁₀ честичките во рамки на дозволените граници

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите