Утрински Весник
Македонија

На сопругата на Борис Трајковски седум месеци не и се исплаќала доживотната пензија која ѝ следува

20200811111341.jpg

Сопругата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, веќе седум месеци не и била исплаќана доживотната пензија која и следува, откри Ивица Томовски, директор на службата за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21 во понеделникот.

Тој кажа дека Вилма има доживотна пензија од 2000 евра, но истата не и била исплаќана.

„Затекнавме ситуација каде што на Вилма Трајковска, сопругата на претседателот Борис Трајковски не и бил исплаќан надомест во висина од 2000 евра кој и следува доживотно“, рече Томовски.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР