Утрински Весник
Свет

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца

20250820165638 big 730x400 99.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Украина денеска ќе се вратат повеќе од 10 деца киднапирани од Русија, а официјално досега се вратени 1509 деца во нивната татковина, објави Катерина Рашевска, доктор по меѓународно право и експерт на Регионалниот центар за човекови права.

-Денеска, ќе се врати уште една поголема група деца; засега не можам да го дадам точниот број, но знам дека има повеќе од десет, па оваа статистика од 1.509 ќе се зголеми. Ова е благодарение на иницијативата „Врати ги децата назад“, невладините и јавните организации и меѓународната коалиција. Се надеваме дека темпото на враќање на децата само ќе се зголеми“, објави Рашевска на социјалната мрежа Телеграм.


Според неа, досега се идентификувани околу 20.000 деца кои сè уште се на руска територија.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија