Утрински Весник
Македонија

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Messenger Creation 14b671c0 730b 4a41 8389 8f7d40d7d730 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па во текот на целата наредна недела, однсоно до самиот крај на овој месец во регионот, како и кај нас во Македонија ќе биде многу нестабилно со чести врнежи, грмежи, силен ветер и локална појава на невреме.

Ќе се задржи значително потопло, но токму ова ќе придонесе Атмосферата да биде многу загреана  и исполнета со енергија, па така локално се очекуваат и по силни временски непогоди, проследени со обилни поројни врнежи од дожд за кратко време кои би можеле да придонесат за локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град.

И во Скопскиот регион од вечерва, па во текот на наредната недела ќе биде многу нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за локално невреме.

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно да бидат подалеку од дрвјата.

Можете да прочитате

СДСМ бара ЈО да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта

За Нова година ќе имаме екстремно ниски температури

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења