Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и неговата шпанска колешка Пола Бадоса поттикнаа шпекулации за романса.
Приказна родена од никаде, но која полека се развива во последните неколку дена. Сè почна од низа фотографии вклучувајќи ги и профилните на „Спотифај“, каде што Пола објави профилна фотографија со Стефанос, а истото го направи и Гркот.
Фотографиите на кои двајцата изгледаат прилично среќни бргу станаа вирални на социјалните мрежи, особено на „Твитер“. Некои твитнаа: Стефанос Циципас и Пола Бадоса заљубени! А други се сомневаат во оваа приказна наведувајќи дека ова, најверојатно, е рекламна кампања.
Додека Стефанос извесно време е сам, ситуацијата е поинаква за Пола, која пред само неколку недели го негира крајот на врската со кубанскиот модел Хуан Бетанкорт, а на социјалните мрежи остро реагира на напис на шпанскиот таблоид „Хола“.
Во моментот нема официјално соопштение, но, според таблоидите, тенискиот свет буквално полуде по овој пар, кој ветува дека ќе биде експлозивен.