Утрински Весник
Спорт

На повидок сензационален трансфер – Кампацо во Црвена звезда

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда му нуди договор на Факундо Кампацо. Аргентинецот кој два пати со Реал ја освои Евролигата (2015, 2018), е без клуб откако на почетокот на ноември доби отказ во Далас Маверикс.

dobivaj vesti na viber

Специјализираниот кошаркарски портал, „Јурохупс“, пренесува дека српскиот и регионален шампион е подготвен да ја покрие платата од 1,8 милиони евра до крајот на сезоната.

Исто така, се споменува и цифрата од 2,6 милиони евра кои треба да ги добие Реал Мадрид доколку Аргентинецот ја напушти НБА лигата.

Таа сума треба да ја плати Кампацо, меѓутоа, „Јурохупс“ наведува дека голем процент од таа цифра ќе „покрие“ Црвена звезда.

Неодамна Кампацо беше на мета на Олимпија Милано и Фенербахче, но овие екипи не му испратиле официјална понуда.

Треба да се каже дека Реал Мадрид го задржува правото да ја изедначи понудата на кој било клуб.

Да потсетиме, Кампацо настапуваше за Реал во сезоната 2014/15, а потоа во периодот од 2017 до 2020 година.

Во НБА лигата не успеа да се наметне, најпрвин во Денвер Нагетс, а потоа и во Далас Маверикс.

Инаку, дресот на Црвена звезда од оваа сезона го носи сонародникот на Кампацо, Лука Вилдоса.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина