Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Демир Капија и Струмица

Zima 2.jpg
Dik 300x250 mk

Утрово најладно било на Попова Шапка кадешто се измерени -3 степени, -1 било во Лазарополе, 1 во Маврови Анови и Крушево, 2 во Тетово, Битола, 3 Берово, Претор, 4 Охрид, Крива Паланка, Прилеп, 5 Гевгелија Кавадарци, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, 6 Штип, Виница, Велес, 7 Демир Капија, Струмица.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 47 сантиметри на Попова Шапка, 34 Маврови Анови, 10 сантиметри во Крушево.

Од југ и југозапад се прошири облачност од која имаше повремен дожд. Утринава зголемена облачност има во западните делови од земјата. Магла утринава има во делови од Полог, а само понекаде има појава на слаб дожд.

Променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд особено претпладне и од крајот на денот.

Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош