Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка 57 сантиметри снег, во Маврово 50, а во Крушево 30

Skijanje Sneg.jpg

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврови Анови -7 степени, -5 се измерени во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола и Прилеп, -1 во Охрид, Штип и Скопје, а над нулата е само во Гевгелија со два степена, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има и најмногу снег 57 сантиметри, во Маврови Анови 50, а во Крушево 30.


Денеска претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.

Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Можете да прочитате

Детска клиника: Деветгодишното дете донесено во многу тешка состојба, починало по неполни два часа

Утре ќе биде пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

КСЗД утврди вознемирување од Мерко врз жителите на Струга