Утрински Весник
Македонија

На почетокот од март ни се враќаат мразевите и снегот на Балканот!

Frost 161 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што и претходно најавив, почетокот на март месец ни носи нов продор на ладен воздух од североисток и од исток, истиот ќе услови појава на умерени до јаки мразеви ширум регионот, но и во нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец.


Покрај ладниот бран и северниот ветер, ќе има  и врнежи кои поради продорот на ладен воздух ќе бидат  од снег  и во дел од градовите ширум регионот и во нашата Република Македонија. Се очекува и формирање на снежна покривка, особено во повисоките населени места и на планините. А помала снежна покривка е можно да се формира  и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Наскоро следува детална и обновена метео анализа токму околу ова.

Можете да прочитате

Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка, бара Левица

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија