Утрински Весник
Свет

На планината Фуџи денеска падна првиот снег за оваа сезона, најдоцна во последните 130 години

6fe9s Screenshot 4.png

Утринава вработените во опсерваторијата Кофу, Јапонија го забележале првиот снег за оваа сезона на планината Фуџи, а она што е посебно интересно што е најдоцниот датум кога овој планински врв побелел откако овој феномен за прв пат е забележан во 1894 година.

Мамору Мацумото од опсерваторијата изјавил дека сè уште не е сосема јасно зошто снегот е одложен во последните години.

„Чувствувам олеснување што конечно видовме снег. „Поради топлите температури во октомври, кога просечната температура на врвот достигна рекордни 1,6 степени Целзиусови, врнежите не преминаа во снег, што го одложи доаѓањето на првите снежни врнежи“, рече тој.

Јапонија го доживеа најтоплото лето досега оваа година, при што просечната температура од јуни до август е 1,76 степени над нормалата.

Можете да прочитате

Песков: Путин не му честиташе на Трамп за изборната победа

Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија

Мицотакис, Ердоган, Рама и Христодулидис на неформален разговор во Будимпешта