Утрински Весник
Спорт

На олимписки и светски првак му ги ампутирале двете нозе

На олимписки и светски првак му ги ампутирале двете нозе

На oлимпискиот, светски и европски шампион во уметничко лизгање, Роман Костомаров (45) му се ампутирани двете нозе, јави „ТАСС“. Познатиот руски лизгач на почетокот на годината беше примен на одделението за интензивна нега, каде што беше ставен на респтиратор поради тешко воспаление на белите дробови.

dobivaj vesti na viber

Но, ситуацијата се искомплицирала, се појавила гангрена и на несреќниот Костомаров му се ампутирани двете нозе.

„За жал, моравме да ги ампутираме двете нозе. Операцијата помина без никакви проблеми. Генерално, телото се опоравува. Роман е свесен за сѐ. Општата состојба се подобрува“, изјавиле од клиниката за ТАСС.

Истиот извор пишува дека лизгачот сега има борба да ги спаси рацете.

Костомаров, кој има 45 години, освои златен медал на Зимските Олимписки Игри 2006 година во Торино заедно со Татјана Навка. Заедно со неа двапати го освои златото на Светско првенство и трипати на Европското првенство. Освен со Татјана Навка, во двојки настапуваше и со Ана Семенович и Екатерина Давидова.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига