Утрински Весник
Спорт

На Ѓоковиќ, најверојатно, повторно нема да му биде дозволен влез во САД

На Ѓоковиќ, најверојатно, повторно нема да му биде дозволен влез во САД

Новак Ѓоковиќ најверојатно повторно ќе ги пропушти Мастерс 1000 турнирите во Индијан Велс и Мајами ако остане на ставот да не се вакцинира против КОВИД, откако американските власти потврдија дека сите кои не се американски државјани нема да бидат пуштени без вакцина.

dobivaj vesti na viber

Според Администрацијата за безбедност при транспортот, сите странци кои ќе влезат во САД мораат да бидат вакцинирани, а мерките ќе бидат на сила барем до 10 април. Индијан Велс се оддржува од 6 до 19 март, додека Мајами опен од 20 март до 2 април. Ѓоковиќ поради својата одлука не настапи на САД опен минатата година.

35-годишниот деветкратен шампион од Австралија опен лани не ја бранеше титулата ниту во Мелбурн, откако беше депортиран пред стартот на првиот гренд слем во 2022. Тој овојпат се наоѓа во Австралија, откако властите решија да му ја укинат тригодишната забрана за влез во земјата и игра на турнирот во Аделаида.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност