Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На охридскиот аеродром прв лет од директната авиолинија на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул 

20250326200138 Big 730x400 91.webp.webp
300x250 opst2

Со пристигнување на патници од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе биде означен официјалниот старт на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид.

Станува збор за првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ што од денеска ќе лета од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.


Според претходните најави, летовите на линијата Истанбул – Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.

На денешниот настан на охридскиот аеродром е предвидено да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Можете да прочитате

Разрешениот директор Кузмановски од Неврологија ќе плати 500 евра казна, работел без лиценца цели 5 месеци

Левица: Ја срушија куќата на Малески, а една година “не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија!

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира