
Метео анализа на Славчо Попоски:
И понатаму над територијата на Република Македонија е присутна фронаталната долина, а на висина е присутен и поладен воздух. Во ваква ситуација, повторно денес (петок 6 јуни) во попладневните и во раните вечерни часови, особено во централните и во источните предели од нашата Македонија на повеќе места ќе се формираат фронтални влажни бранови кои ќе условат развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Локално повторно процесите ќе бидат интензивни и тоа поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија. Па така локално ќе има појава на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде крупен.
И во делови од Скопската котлина исто така денес попладне ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.
Изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот ќе има и утре (сабота 7 јуни).
Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корсит на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/