Утрински Весник
Македонија

НАЈНОВО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес попладне и навечер постои нова опасност од посилно невреме во источните предели од Македонија

Download 25.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес особено попладне  и навечер, особено во источната половина од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно и тоа токму во споменатите предели можно е по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде по крупен.

Услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има  и во делови од Скопската котлина. Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29-30 степени.

Во Скопје температурата денес ќе достигне до околу 26-27 степени. Потоа, утре и во петок ќе имаме по стабилна Атмосфера  и без опасност од по големо невреме, а нови врнежи од дожд и нестабилност очекуваме за време на викендот.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?