„Јасно е и од последниот извештај на Заводот за статистика дека тоа е повеќе од европскиот просек, би рекол повеќе од двојно од европскиот просек. Мислам дека е за април веќе 13-ина проценти, мислам дека просекот во првите четири месеци е 15 %, за лебот и за храната е повеќе од 25 % и тоа само по себе покажува дека инфлацијата не е увезена, како што тоа нè убедуваше Владата, туку дека станува збор за епска неспособност на криминалната Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ на сметка на граѓаните“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Велес.
Мицкоски додаде дека од власта не ја чувствуваат инфлацијата бидејќи на дневна основа преку тендери во четири очи и наместени јавни повици го крадат народот.
„Но, за жал, огромно мнозинство наши сограѓани тоа го чувствуваат и можам да кажам дека бројката на деца што ја чувствуваат оваа прехранбена сиромаштија од ден на ден станува сè поголема. А сега е повеќе од 50-ина илјади такви што ја чувствуваат оваа прехранбена сиромаштија. Зборувам за дечињата“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.