Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Најмоќните фудбалски агенти контра ФИФА за новите правила

Најмоќните фудбалски агенти контра ФИФА за новите правила
Img 7972

Најмоќните фудбалски агенти на светот се подготвуваат за судски случај против ФИФА по воведувањето на новите регулативи за нив, открива „Дејли мејл“, додавајќи дека тие ќе се сретнат во среда во Лондон за последни совети.

dobivaj vesti na viber

Европската заедница на фудбалски агенти претходно објави дека „целата индустрија“ е под закана за уништување, откако ФИФА ги ограничи парите кои тие можат да ги заработуваат и најави јавно објавување на листата на клиенти. Тие тврдат дека ФИФА не ги консултирала при пишувањата на новите правила и додаваат дека „илјадници“ претставници ќе бидат исфрлени од бизнисот.

Џонатан Барнет, претставникот на Герет Бејл и Џек Грилиш и според магазинот „Форбс“ најмоќниот фудбалски агент во 2019 година е предводник на групата.

„ФИФА објави дека моето име е меѓу консултантите за правилата. Јас не сум учествувал во било какви консултации со нив и очекувам овие правила да бидат повлечени“, изјави Барнет.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино тврди дека во 2019 година, фудбалските агенти заработиле 550 милиони фунти од глобалните трансфери кои вределе 5.5 милијарди долари.

ФИФА ќе ги „скрати“ крилјата на фудбалските агенти

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН