Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка

Vreme.webp.webp

Во Крушево наврнал воден талог од 36 литри на квадратен метар изминатите 24 часа, до седум часот, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

Триесет и два литри на квадратен метар во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 21 – Демир Капија, 14 – Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 – Битола, Велес, 12 – Пожар-Радовиш, 11 – Тополчани, 10 – Скопје-Петровец, 9 – Прилеп, Штип, 6 – Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 – Претор, Струмица, Куманово, 3 – Виница, 2 – Крива Паланка, покажуваат податоците на УХМР.


– Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат оттаму.

Дожд се очекува и во текот на денешниот ден, проследен со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура, според најавата, ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови. 

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка