Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Најмногу дожд во Крушево, денеска нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Vreme.webp.webp
300x250 opst2

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 12 литри на квадратен метар, според мерењата  на УХМР за наврнат воден талог. 

До 8 часот утрово, по изминато деноноќие, 9 литри на квадратен метар се измерени во Крива Паланка, 7 во Битола, 6 во Охрид, 5 во Виница и Ѓуриште, 4 литри на квадратен метар во Претор, Тополчани и Пожаране, 3 во Штип, Прилеп и на Попова Шапка, 2 во Струмица, Велес, Берово, Тетово, Маврови Анови и Пожар и 1 литар на квадратен метар наврнат воден талог во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец и Куманово.


Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогнозира променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

-Наместа, особено во источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 27 степени. 

Можете да прочитате

Дождливо време во Македонија, локално ќе наврнат над 20 литри дожд

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата