Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Sneg.jpg
Img 7972

Во изминатите 24 часа најногу дожд, 3 литри на квадратен метар наврна во Ѓуриште, а по 1 во Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија. Највисока снежна покривка од 10 сантиметри, пак, има на Попова Шапка, 5 во Маврови Анови, а 1 сантиметар во Ѓуриште.

Утрово најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, -2 во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево, 0 во Тетово, Охрид и Претор, 1 во Битола, 2 во Крива Паланка и Берово, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово, 6 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 8 степени Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта