Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево – еве во кои делови од Македонија е најстудено

Dozdovno vreme.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар, 14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4 воТетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Скопје-Петровец и само еден литар на квадратен метар во Струмица.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија 16 степени.

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, претежно во јужните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. (МИА)

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар