Утрински Весник
Свет

На млада Италијанка и е отстранет тумор тежок 25 килограми. Болницата: Беше потежок од пациентката

На млада Италијанка и е отстранет тумор тежок 25 килограми. Болницата: Беше потежок од пациентката

Млада Италијанка е успешно оперирана од тумор на абдоменот тежок 70 килограми, соопшти денеска болницата Молинет во Торино.

dobivaj vesti na viber

Туморот, како резултат на рак на јајниците, и го опструирал стомакот и го спречил нормалното дишење со притисок врз нејзините бели дробови.

„Нема преседан во медицинската литература за тумор со таква тежина. Тежеше повеќе од самата пациентка“, соопштија од болницата.

Младата жена пред неколку недели била примена на итната медицинска помош во тешка состојба. Веднаш била интубирана и ставена на вентилатор. Хирурзите прво исцедиле 52 литри течност, а потоа го отстраниле самиот тумор кој тежел 25 килограми.

Пациентката брзо закрепнала и по четири дена била префрлена од одделението за интензивна нега на одделението за диететика и исхрана. Во меѓувреме се вратила дома, соопштиле надлежните, според тамошните медиуми.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk