Утрински Весник
Македонија

На Маричиќ не му е чудно што Груби ќе координира изградба на автопат: Има многу работа

На Маричиќ не му е чудно што Груби ќе координира изградба на автопат: Има многу работа

За вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не е чудно што неговиот колега Артан Груби доби трета функција и тоа „координатор на Коридор 8“. Според Маричиќ, има многу работа во проектот, Груби може да помогне. За сомнежите за коруптивни дејствија, Маричиќ посочи дека за тоа треба да кажат Обвинителството и Антикорупциска.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што Владата одлучи дека Груби да биде координатор на овие активности, значи дека има потреба од посилна координација затоа што има надлежности кои припаѓаат на Министерството за транспорт и врски и тие се бројни и никој не ги одзима. Напротив ќе ги спроведува Министерството за транспорт и врски. Но има многу процедури и акции кои треба да се преземат во однос на меѓусебна комуникација на институциите, дозволи, процес на експропријација, има многу работа во тој проект. И затоа еден од вицепремиерите е задолжен да го следи спроведувањето и да биде еден вид на надзор и поддршка на тој процес. Не е првпат ниту е нешто чудно“, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека Груби со Груби вклучила екстра напор за спроведување на проектот.

„Коридорот 8 е најважниот проект на оваа Влада. Затоа мислам дека сите членови на Владата да бидат од свој аспект да бидат вклучени. Така што, за тоа што го споменавте ‘евентуални коруптивни дејствија’, за тоа има институции. Антикорупциска, Обвинителството – треба да кажат. За Владата ова е најважниот инфраструктурен проект“, кажа Маричиќ.

Претходно, и премиерот Димитар Ковачевски го бранеше Груби оти новинарите прашуваа како тој дошол до третата функција, по вицепремиерската и министерската.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk