Утрински Весник
Свет

Најмалку тројца ранети и осум уапсени демонстранти пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим

20240618073652 Big 730x400 50.webp.webp

Најмалку три лица се повредени, а осум се уапсени доцна синоќа во Ерусалим во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата пред приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија израелските медиуми.

Според „Тајмс оф Израел“, полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Ерусалим претходно за да го изразат својот протест против владата на Нетанјаху поради неуспехот да постигне договор за заложниците, јави ДПА.

На протест пред зградата на Кнесетот (израелскиот парламент) демонстрантите повикаа на предвремени избори, како и на договор за олеснување на ослободувањето на преостанатите израелски заложници кои се држат во Појасот Газа.

Владата на Нетанјаху ја сочинуваат неговата десничарска верска партија Ликуд, како и екстремно десничарски и ултра-религиозни коалициски партии.

Можете да прочитате

Вечерва прва дебата меѓу Бајден и Трамп

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

Вирусот Мпокс се заканува да се шири низ целиот свет