Утрински Весник
Свет

Најмалку шест лица загинаа во стампедо пред храм во Индија

20250727161756 big 730x400 25.webp.webp

Најмалку шест лица загинаа денеска во стампедо  пред храмот Манса Деви во индискиот град Харидвар, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила на скалите пред храмот, а според првичните информации, паника настанала поради шпекулација за опасност од струен удар од оголен електричен кабел.


Според медиумите, има и повеќе повредени лица.

Началникот на сојузната држава Утараканд, Пушкар Синг Дами, најави истрага и финансиска помош за жртвите. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Стампеда се честа појава во Индија, особено за време на масовни верски собири. Во јуни годинава, 11 лица загинаа пред стадион во градот Бенгалуру, за време на прославата на победа на локален крикет тим. Во јануари, за време на фестивалот Маха Кумб Мела, во градот Прајаграј загинаа најмалку 30 луѓе.

Харидвар, град на реката Ганг, е едно од најважните светилишта за хиндусите.

Можете да прочитате

Неколкумина мртви откако воз излета од шините во југозападна Германија

ЕУ и САД постигнаа договор за царините

Песков: Односите со Киев ќе се одредат по исполнување на целите на  „специјалната воена операција“