Утрински Весник
Свет

Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет се ранети во израелски напад во Џенин

20240521101151 Big 730x400 46.webp.webp

Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет беа ранети во денешниот напад на израелските сили во Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија потврди дека нападнала упориште на екстремистите за време на рацијата во градот. Меѓу жртвите е и д-р Касаџед Камал Џабарин, хирург во владината болница во Џенин.

„Тој беше убиен на пат кон болница„, изјави директорот д-р Висам Абу Бејкер. Рацијата се уште е во тек, а бројот на жртвите може да биде поголем. 

Можете да прочитате

Путин: Влегувањето на европски трупи во Украина би значело војна со Русија

Бројот на заразени со ебола надмина 7.000 во ДР Конго

Израел активираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи потрес со јачина од 4,1 степен