Утрински Весник
Свет

Најмалку петмина се повредени во напад со нож во Амстердам

Screenshot 2025 03 27 161953.jpg

Најмалку пет лица се повредени во напад со нож што се случи во близина на плоштадот Дам во Амстердам, соопшти полицијата.

Според првичните информации, една личност е уапсена, но мотивите за нападот сè уште не се познати.


Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го блокирала подрачјето околу улицата Синт Николаштрат и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптер слетува на плоштадот, додека повредените лица се пренесуваат во болница.

Нападот се случил нешто пред 15:30 часот по локално време. Според весникот De Telegraaf, на местото на настанот пристигнале најмалку 14 полициски возила и еден полицаец на мотор во рок од 15 минути.

Плоштадот Дам е едно од најпосетуваните места во холандската престолнина, лоциран во историското јадро на Амстердам и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.

Можете да прочитате

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице