Утрински Весник
Свет

Најмалку две лица загинаа, 50 се затрупани во несреќа на рудник во Кина

Најмалку две лица загинаа, 50 се затрупани во несреќа на рудник во Кина

Најмалку две лица загинаа денеска, а повеќе од 50 останаа заробени во големите одрони во рудник за јаглен во автономниот регион „Внатрешна Монголија“ во северна Кина, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Кинескиот претседател нареди спасувачка операција, додека премиерот Ли Кечијанг побара брза истрага за причините за несреќата.

Несреќата се случила во отворен рудник во сопственост на компанијата за ископ на јаглен во Ксинџијанг, пренесува Ројтерс.

„Внатрешна Монголија“ е еден од најголемите производители на јаглен во Кина.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада