Утрински Весник
Свет

Најмалку десетина загинати-Тргнале по тартуфи но загинале на мините на „ИСИЛ“

Најмалку десетина загинати-Тргнале по тартуфи но загинале на мините на „ИСИЛ“

Најмалку десет лица загинаа, а уште неколку се ранети денеска во две одвоени експлозии на мини во централна Сирија, кои зад себе ги оставија борците на Исламската држава „ИСИЛ“, објавија медиумите и здружението за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Според сириската новинска агенција „САНА“, станува збор за цивили кои загинале во близина на областа Саламија во источната провинција Хама.

„Кога група луѓе тргнаа во потрага по тартуфи во околината на селото Ал-Мустарех, експлодираше мина која зад себе ја оставија терористите на „ИСИЛ“. Во таа експлозија загинаа девет лица, а двајца беа ранети“, пренесува „САНА“. Во втората експлозија на мина, едно лице загина, а десет се ранети. Сириската опсерваторија за човекови права, организација со седиште во Лондон, која ја следи ситуацијата во Сирија од почетокот на војната во 2011 година, соопшти дека најмалку десет лица загинале, а 14 се ранети.

Само годинава во експлозии на остатоци од мини и други експлозивни направи за многу кратко време загинаа 42 лица, меѓу кои 18 деца, а 82 беа ранети. Мини се „посеани“ на голема површина на Сирија, а организациите и локалните власти не успеаја да ги отстранат, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња