Утрински Весник
Свет

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Police.webp.webp

Четири лица загинаа и најмалку 12 се повредени во пукање што се случило денеска во градот Лиланд во сојузната држава Мисисипи – соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Лиланд, Џон Ли, за „Си-би-ес Њуз“ изјави дека пукањето се случило околу полноќ и оти четири повредени лица биле со хеликоптер пренесени во локални болници. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.


Истрагата е во тек.

Ли изјави дека пукањето се случило на главната улица. Во тоа време, во градот имало луѓе кои дошле да учествуваат во прослава по повод натпревар за враќање на поранешни ученици на средното училиште Лиланд.

Лиланд е мал град во округот Вашингтон, со околу 4.000 жители, според податоците од пописот на населението од 2020 година.

Можете да прочитате

Поранешниот француски министер Жак Ланг поднесе оставка од функцијата шеф на Институтот за арапски свет поради аферата Епстин

Масовен протест во Берлин за поддршка на иранските граѓани кои се кренаа на бунт против режимот

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви