Утрински Весник
Свет

Најмалку четворица загинати, 11 ранети во бомбашки напад на центар за хуманитарна помош во Запорожје

Украина: Соборивме 16 беспилотни летала камикази во текот на ноќта
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четири лица загинале, а 11 се ранети во руското бомбардирање на станбена населба во градот Орихив, во областа Запорожје, изјави гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека меѓу загинатите има три жени и еден маж, сите на возраст од 40-ина години, пренесе „Ројтерс“. Малашко на „Телеграм“ изјавил дека како последица од нападот сите четворица починале на самото место.

Тие биле убиени откога проектилот речиси целосно го уништил училиштето, кое било претворено во центар за хуманитарна помош за оние што живеат во близина на линијата на фронтот.

„Станбениот кварт Орихива, на 10-ина километри од најблиските позиции на руските сили во регионот Запорожје, вчера беше погоден со водена воздушна бомба“, изјави локален официјален претставник додавајќи дека цел на руските сили била испорака на хуманитарна помош.

Според написот на „Украина фронт лајнс“ на „Твитер“, во нападот на Орихив со две бомби загинале најмалку четири лица, а 13 се ранети.

Малашко изјави и дека Русија извршила 36 целни напади врз 10 населени места во областа Запорожје. „Ројтерс“ не може независно да го потврди извештајот.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање