Утрински Весник
Свет

Најмалку 80 политички затвореници ослободени во Венецуела

R 1.jpg

Најмалку 80 политички затворенуцу се ослободени во Венецуела. Станува збор за лица кои водечката венецуелска група за заштита на човековите права ги смета за политички затвореници.Тие се ослободени во рамки на процесот на пуштање затвореници кој е во тек.

– Луѓе се пуштени од затвори низ целата земја и треба да има повеќе ослободувања од затвор, објави на Икс, Алфредо Ромеро, директор на венецуелската група за заштита на човековите права Форо Пенал.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез завчера изјави дека од затвор се пуштени 626 лица, но не прецизираше кога затворениците се ослободени.

Форо Пенал, сепак, претходно потврди за ослободување на само 156 политички затвореници од Венецуела од 8 јануари.

Родригез изјави дека утре треба да разговара со високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, за да побара од ОН да ги потврди списоците на луѓе кои досега се ослободени.

Можете да прочитате

Никозија избрана за водечка културна дестинација во Европа за 2026 година

Обама го осудува насилството во Минесота и повикува на одговорност и соработка

Во Грција портокалов аларм со прогнози за бури